Рецепт за печени крекери со сланина и пармезан, одлична закуска за третиот ден од славењето

Фото: Принтскрин / Tик-ток

Ако не ви се јадат остатоци по Нова година, а очекувате гости и сакате да ги изненадите со вкусна закуска, ви предлагаме печени крекери со сланина и пармезан, но можете да користите и кое било тврдо сирење. Оваа закуска лесно се прави, сè што треба да направите е да ги наредите сланината и сирењето врз крекерите и да ги испечете.

Состојки:

– крекери
– 100 г сланина
– 100 г сирење (по можност пармезан)
– 30 г кафеав шеќер
– 30 г мелена црвена пиперка

Подготовка:

Исечете ја сланината на парчиња со големина на крекерите, како и пармезанот. Во едниот сад сипете го кафеавиот шеќер, а во другиот мелената пиперка.

Земете крекер, па ставете сланина, сирење, посипете со шеќер, а потоа и со мелена пиперка. Вака приготвените крекери наредете ги во плех обложен со хартија за печење.

Печете ги крекерите со сланина и пармезан во рерна на 180 степени, неколку минути.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот