Рецепт за најпопуларниот македонски колач – обланди

Обландите се старински сите колачи без кои не може да се замисли ниту една прослава. Најпознати се секако оние со чоколаден фил, но и оние со пудинг од ванила се едноставно неодоливи. За подготовка ви се потребни само 10 минути, а состојките се евтини. Најдоброто нешто за овој рецепт е што нема ниту печење ниту готвење, а им успева буквално на сите.
Состојки:
– обланди
– 50 грама пудинг од ванила кој не се вари
– 300 милитри ладно млеко
– 80 грама путер
– 1 лажица шеќер во прав или обичен
Подготовка:
Изматете го пудингот со ладно млеко, па додадете го путерот што стоел на собна температура, а кој во меѓувреме сте го изматиле со шеќер.
Премачкајте ја обландата, па ставете го вториот лист, повторно премачкајте и така додека не ја потрошите.
Последниот слој е обланда, па завиткајте во проѕирна фолија и врз него ставете нешто цврсто. Оставете да се стегне на ладно.