Рецепт за мусака од боранија, евтин ручек за целото семејство
Мусака кај нас обично се подготвува со компири и мелено месо, но популарна е и грчката, која се прави од модри патлиџани и сос бешамел.
Препорачано
Доколку сакате да направите совршен ручек за целото семејство, тогаш ви предлагаме да ја пробате мусаката од боранија, која ќе ги воодушеви сите уште од првиот залак.
Состојки:
– 1 кг боранија
– 500 грама мелено месо
– 4 јајца
– 200 мл масло
– 3 чешниња лук
– 2 црн кромид
– 180 грама кисела павлака
– 1 китка магдонос
Подготовка:
Исечкајте го кромидот и пропржете го на масло. Кога ќе омекне, додајте ги меленото лукче и исчистената боранија. Зачинете со сол и бибер, сипете малку вода, па динстајте. Гответе додека боранијата не омекне, а по потреба додајте уште вода.
Во тавче пропржете го ситно сечканиот кромид (1 парче), па додајте го меленото месо. Зачинете по желба и пропржете. Тргнете го од шпорет, па во месото додајте ги изматеното јајце и сечканиот магдонос. Сè убаво измешајте, па во тепсијата што сте ја подмачкале со масло наизменично редете боранија и мелено месо. Последниот ред треба да биде боранија. Другите 3 јајца изматете ги со киселата павлака, зачинете по желба и потоа прелијте ја мусаката. Печете во рерна на 200 степени околу 40 минути.


