Фото: Iakov Filimonov / Alamy / Profimedia

Рецепт за кремаст спанаќ во бешамел сос: Францускиот прелив му дава посебен шмек

Направете лесен ручек со спанаќ во бешамел сос, а може да биде и посен ако млекото го замените со овесно, а путерот со маргарин.

Спанаќот е здрав зеленчук што одлично оди со многу намирници, а може да се сервира и свеж, варен или печен. Постојат различни рецепти за спанаќ и не се знае кој е повкусен, а денес ви предлагаме да го подготвите со бешамел сос. Овој познат француски сос се користи наместо запршка и му дава посебен вкус на јадењето, а може да биде и посен, само путерот заменете го со маргарин и обичното млеко со посна варијанта.

Состојки:

– 250 грама спанаќ
– 250 мл млеко
– 20 грама путер
– 1 лажица брашно
– ¼ лажичка морско оревче
– ¼ лажичка бибер
– ½ лажичка сол

Подготовка:

Спанаќот кратко обарете го, па добро исцедете го и исечкајте го. Во тава растопете го путерот, пропржете го брашното, а потоа додајте млеко. Гответе додека не се згусне, со постојано мешање и на крајот додајте сол, бибер и морско оревче, па промешајте. Додајте го спанаќот и мешајте уште 5 минути, па тргнете го од шпорет.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот