Рецепт за кнедли со спанаќ: Нивниот вкус никогаш нема да го заборавите!
Домашните кнедли со спанаќ можете да ги јадете во супа, како прилог на други јадења или пак, само со сос и пармезан како главно јадење.
Препорачано

Состојки:
– 400 грама сув леб
– 200 грама замрзнат спанаќ
– 3 јајца
– 100 мл млеко
– 20 грама путер
– 2 главици сецкан кромид
– малку лук во прав
– 100 грама пармезан
– 1 коцка зеленчуков бујон
– презла
– сол и бибер

Подготовка:
Брикетите смрзнат спанаќ ставете ги во цедалка на собна температура. Сувиот леб исецкајте го на мали коцки и ставете го во сад. Во посебен сад изматете ги јајцата, додадете го млекото и прелијте го лебот. Оставете да ја впие смесата.
Во тава растопете го путерот, додадете го лукот во прав. Потоа додадете го ситно сецканиот кромид и пропржете на тивок оган. Ставете го и спанаќот, зачинете, динстајте околу пет минути и оставете ја смесата да се излади.
Додадете ја смесата со спанаќ во потопениот леб и нежно со раце месете. По потреба, ако лепи, додавајте презла. Готовата смеса оставете ја околу 15 минути.
За тоа време подгответе го зеленчуковиот бујон. Со рака правете кнедли и варете ги во супата.
Готовите кнедли исцедете ги од супата и поделете ги во порции. Изрендајте пармезан врз нив.


