Рецепт за ка­ра­мел торта, никој не може да ѝ одолее

Фото: Flickr

Постојат безброј рецепти за чоколадни деликатеси, а заедничко на сите им е тоа што се најомилени. Комбинацијата од чоколадо и карамела ќе ве маѓепса уште на првиот залак.

Корите се толку меки бидејќи се натопени во млеко да се растопат, а целата торта ќе ја зачине глазурата на врвот.

Ова е вистинска чоколадна бомба со прекрасен изглед, па можете да ја послужите и на свечени настани.

Сос­тојки:
За ко­рата:

– 300 грама ме­ле­ни бис­к­вити
– 100 грама мар­га­рин
– 2 ла­жи­ци ка­као
– 150 милилитри млеко

За фи­лот:

– 1 литар млеко
– 8 ла­жи­ци ше­ќер
– 3 ќе­сич­ки (120 г) пу­динг со вкус на ка­ра­мела
– 1 ла­жи­ца гус­тин
– 150 грама мар­га­рин

Оста­нато: 10 це­ли бис­к­вити, 100 г чо­ко­ла­ден шлаг крем, 200 мл млеко.

Фото: Flickr

Подготовка:

Из­ма­те­те ги мар­га­ри­нот, до­да­де­те ги ме­ле­ни­те бис­к­вити, ка­ка­о­то и мле­кото, па из­ме­шајте. Ста­ве­те во плех со об­рач (26 см). На­ре­де­те ис­крше­ни бис­к­вити.

Пу­дин­гот и гус­ти­нот из­ме­шај­те ги, па по­си­пе­те ги во 200 мл мле­ко и доб­ро из­ме­шајте, да не ос­та­нат грутки. Во 800 мл мле­ко ста­ве­те ше­ќер и заг­рејте, но да не зов­рие. По­си­пе­те го пу­дин­гот и на уме­ре­на тем­пе­ра­ту­ра ме­шај­те да не згусне. Тр­гне­те го од рин­глата, до­да­де­те го мар­га­ри­нот и из­ме­шај­те да се сто­пи и со­е­дини. Пу­дин­гот во об­лик на фил си­пе­те го пре­ку бис­к­ви­тите.

Ста­ве­те во фри­жи­дер да се из­ла­ди и стегне. Тр­гне­те го пле­хот. Из­ма­те­те го чо­ко­лад­ни­от крем шлаг со мле­ко­то и на­мач­кај­те го пре­ку доб­ро из­ла­де­ни­от ко­лач. Вра­те­те го на крат­ко во фри­жи­де­рот, па исе­че­те и по­слу­жете.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот