Фото: Unsplash

Рецепт за фетучини Алфредо: Дали знаете од кого го добил името италијанскиот специјалитет?

Ако сте љубител на тестенини со многу сирење, ви го препорачуваме овој рецепт. Фетучини Алфредо е познато италијанско јадење од тестенини во сос од пармезан и путер. При подготовката сирењето се топи и заедно со путерот формира мазен и богат прелив што им дава карактеристичен вкус на тестенините.

Ова популарно италијанско јадење името го добило името по Алфредо ди Лелио. Алфредо ја приготвил првата порција фетучини уште во 1908 година. Неколку години подоцна Алфредо, отворил свој ресторан, од каде што се ширела популарноста на фетучини Алфредо, најпрво во Рим, а потоа и во другите земји низ светот.

Состојки:

– 250 грама фетучини тестенини
– 400 мл вода
– 100 грама сирење едамер
– 100 грама сирење гауда
– 100 грама путер
– босилек
– сол

Подготовка:

Загрејте ја водата и додајте сол по вкус. Додајте ги тестенините и варете 3-4 минути.

Исцедете ја водата и додека тестенините сè уште се врели додадете го путерот. Изрендајте ги двата типа на сирење. Потоа, додадете ги во топлите фетучини тестенини и убаво промешајте. На крај, додадете ги свежите листови босилек, претходно ситно сечкани и измешајте ги сите состојки.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот