Рецепт за домашни чоколадни пралине колачи: Најубавиот десерт, готов за 10 минути
Доколку сте љубители на чоколадо и барате совршен десерт што е вкусен, здрав и лесен за подготовка, тогаш овие домашни чоколадни пралине колачи се вистинскиот избор за вас.
Препорачано
Направени од природни состојки, овие пралине колачи се богати со вкус на чоколадо, а можете да ги подготвите за само неколку минути.
Не само што се неодоливо кремасти, туку се и поздрава алтернатива за слатките купени во продавница, бидејќи не содржат вештачки адитиви.
Ова е уживање што го гали непцето и гостите го обожаваат!
Состојки:
– 380 грама кондензирано млеко
– 3 лажици какао
– 30 грама путер
– 50 грама темно и 50 грама млечно чоколадо
– стапчиња за раженче

Подготовка:
Во тенџере истурете кондензирано млеко и какао, добро измешајте, па додајте го путерот и сè заедно измешајте неколку минути на тивок оган.
Добиената густа смеса распоредете ја во сад за правење коцки мраз, па ставете ја во замрзнувач додека не се направат коцките мраз чоколадо.
Растопете ги заедно 50 грама темно и 50 грама млечно чоколадо. Потоа извадете ги коцките чоколадо од замрзнувачот и секоја од нив ставете ја на стапче за раженче. Потоа потопете по една коцка од сите страни во стопеното чоколадо.
Се враќаат во замрзнувач како сладолед и кога ќе се стврднат, извадете ги од стапчињата за раженче и ќе добиете прекрасни пралини што можете да ги чувате во фрижидер. Пријатно!


