Пилешки копани / Фото: Flickr

Рецепт за динстани пилешки копани со буковка и чери-домати

Пробајте пилешко месо на поинаков начин, со комбинација на вкусови што ќе ве воодушеват.
Хармонична симфонија од различни вкусови го карактеризира ова јадење, совршено за оброк за романтичен ручек или вечера со чаша од вашето омилено вино.

Состојки:

– 4 пилешки копани
– 300 г чери-домати
– 200 г буковка (или шампињони)
– 100 г зелени и црни маслинки
– 30 г капари
– 1 лук
– мајоран
– сол
– концентрат од домати
– бујон (пилешки или од зеленчук)
– суво бело вино
– екстра девственото маслиново масло

Подготовка:

Одделете ги копаните од поткопаните. Исечете ги на половина чери-доматите, ставете ги во чинијата, посолете ги и оставете ги да отстојат додека ги приготвувате другите состојки.
Во тава, загрејте малку масло со еден сечкан лук. Посолете ги копаните и поткопаните и пржете ги десетина минути. Извадете ги парчињата месо од тавата, па отстранете ги лукот и маснотијата што ја ослободило месото.
Во тавата сипете чаша бело вино за да се разредат карамелизираните делови од дното, додајте малку мајоран и вратете го месото во тавата пред целосно да испари виното. Прелијте со 4 чаши бујон, додајте една лажица доматен концентрат и оставете да се готви на средна топлина околу 40 минути.
Во друга тава, пропржете ја буковката исечкана на парчиња во масло со 1 чешне лук. По пет минути, додајте ги чери-доматите, капарите и маслинките. Заедно пропржете го состојките една минута, па префрлете го во тавчето со пилешкото месо да се крчкаат уште пет минути.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот