Рецепт за чискејк со тиква што мириса на медењаци: Совршен есенски десерт
Чискејкот од тиква е еден од вкусните гласници на есента кој мириса на цимет, морско оревче и ѓумбир. Рецептот не бара многу труд во кујната, а доколку сакате да го збогатите, чискејкот можете да го декорирате со прелив од карамела или крем што ќе го измешате во шлаг со малку цимет.
Препорачано
Пред да го подготвите колачот, подгответе го пирето, така што ќе ја испечете или ќе ја сварите тиквата, па иситнете ја.
Наместо посебно да додавате зачини, можете да користите мешавина од зачини купена во продавница. Покрај класичните бисквити, можете да користите плазма.
Состојки:
База:
– 200 г бисквити
– 1 лажица шеќер
– 1 лажица кафеав шеќер
– 1/2 лажичка цимет
– 120 г растопен путер
Крем:
– 680 г крем-сирење
– 150 г кафеав шеќер
– 100 г шеќер
– 80 г кисела павлака
– 1 и ½ лажичка екстракт од ванила
– 250 г пире од тиква
– 3 јајца
– 1 лажичка цимет
– ¼ лажичка морско оревче
– 1/4 лажичка ѓумбир во прав
Подготовка:
Бисквитите измешајте ги со растопен путер, цимет, кафеав и бел шеќер и притиснете ги во калап за печење (22 см). Ставете ги во фрижидер да се изладат додека го подготвувате кремот.
Со миксер измешајте го крем-сирењето со двата вида шеќер на средна брзина околу 1-2 минути.
Додајте павлака и измешајте, па додајте ги екстрактот од ванила, пирето од тиква и зачините.
Мешајте додека не се соединат. Измешајте ги јајцата едно по едно. Смесата рамномерно распоредете ја врз подготвената кора. Колачот печете го на 175 степени Целзиусови, 40 минути.
Чискејкот оставете го да се излади на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер шест часа или преку ноќ.


