РЕЦЕПТ | Превкусен намаз од грашок и нане

Фото; Инстаграм

Дали некогаш сте се обиделе да направите намаз од млад грашок? Ако не сте, сега ви е шансата. Грашокот е толку разновидна храна што навистина можете да го измешате со што било, и секогаш ќе ви го даде тој фантастичен вкус. Овој намаз е совршен за да го придружите со свежо печен леб.

Потребни состојки:

– 240 г свеж млад грашок, исчистен
– 1 лажица сок од лимон, свежо исцеден
– 1 мал свеж кромид или лук (по избор)
– 2 лажици свежо младо козјо сирење
– 1 лажица листови нане, ситно сецкани
– 1 лажица пињоли, ситно сецкани(заменете со семки од сончоглед)
– маслиново масло
– сол, свежо мелен бибер

Фото; Инстаграм

Начин на подготовка:

– Грашокот исчистете го и ставете го во ладна солена вода. Кога водата ќе зоврие, згответе го грашокот додека не омекне до половина, па исцедете го. Исплакнете под млаз ладна вода и оставете го на страна.

– Во блендер на најмала брзина измешајте го грашокот со сокот од лимон, сирењето, солта и биберот. Додадете го маслиновото масло по потреба за да добиете мазна смеса како за намаз.

– Префрлете ја смесата во сад и измешајте ја со боровите ореви, ситно сечканиот млад кромид и листовите нане.

– Потпечете леб во рерна или тостер, па премачкајте го со приготвениот намаз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот