Рецепт на Дијана Иваноска – закрепнувачки потаж од тиква

Фото: Приватна архива

Дијана Иваноска со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување. Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.

„Го сакам секој дел од процесот, но најмногу уживам во фотографирањето на храната“, ни открива Дијана.
Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно гастрономско уживање – потаж од тиква.

„Кога печев тиква за Бадник, ми остана половина тиква неупотребена, бидејќи беше многу голема за да ја испечам цела. Така настана оваа превкусна, кремаста супа. И ако не сте љубители на тиква, сепак, пробајте ја, бидејќи во супата не преовладува вкусот на тиквата“, порачува Дијана.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 1 мала главица кромид (1/2 ако е поголема)
– 1 морков
– 1 пашканат
– 800 грама тиква
– 2 лажици маслиново масло
– 1-2 ловорови листови
– 2 коцки зеленчуков булјон
– 1 литар вода
– сув зачин од зеленчук
– бибер
– мелен ким
– малку морско оревче

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Исечкајте го зеленчукот.
Во тенџере со маслиново масло додајте го кромидот, морковот и пашканатот и пржете додека омекнат малку. Додајте ги тиквата и зачините и пржете уште кратко.
Ставете ги ловоровите листови, коцките супа и водата. Загревајте додека проврие. Потоа намалете ја температурата и оставете да се вари на тивко, додека омекне зеленчукот.
Со стапчест блендер или процесор за храна блендирајте ја супата додека стане кремаста.
Послужете со додатоци по желба. Јас додадов семки од тиква, сушена мајчина душица и зачинет потпечен леб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот