Реал Мадрид нема да игра на „Сантјаго Бернабеу“ (ФОТО)

twitter/Real Madrid Info

Оваа одлука е донесена поради неможноста да присуствува публика на натпреварите во „Ла Лига“ и поради реконструкцијата на главниот стадион „Сантјаго Бернабеу“.

Фудбалерите на Реал ќе ги играат преостанатите натпревари во шпанскиот шампионатот како домаќини на помошниот стадион „Алфредо ди Стефано“.

Играчите предводени од францускиот тренер Зинедин Зидан се подготвуваат за продолжувањето на натпреварувачката сезона 2019/2020. „Алфредо ди Стефано“ е помошниот терен на „кралевите“, а на истиот ќе се играат мечеви од две причини.

Оваа одлука е донесена поради неможноста да присуствува публика на натпреварите во „Ла Лига“ и поради реконструкцијата на главниот стадион „Сантјаго Бернабеу“.

фото: твитер

Клубот веќе ги започна подготовките на помошниот објект, се поставува дополнително осветлување, со цел да се прилагоди осветлувањето на телевизиските преноси, додека играчите имаат по една тренинг сесија неделно со цел да се навикнат на новиот терен.

До крајот на шпанското првенство, Реал има уште 11 натпревари, од кои шест на домашен терен.

До прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирус, Реал беше втор на табелата на шпанската „Ла Лига“ со 56 освоени бода, два помалку од водечката Барселона.

Според најавите најсилното шпанско првенство продолжува на 11 јуни, а мадридскиот гигант ќе го одигра првиот натпревар на стадионот „Алфредо ди Стефано“ три дена подоцна против Еибар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот