Реал Мадрид го купи Лука Јовиќ – Слободен печат
СпортФудбал

Реал Мадрид го купи Лука Јовиќ

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ од следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, откако шпанскиот тим ќе плати 60 милиони евра на Ајнтрахт.

Веста прв ја објави каталонскиот весник „Ел Мундо депортиво“, а подоцна стигна потврда и од маридскиот “Ас“, Лука Јовиќ од следната сезона ќе биде член на Реал Мадрид.
„Кралскиот“ клуб се согласил да плати 60 милиони евра на Ајнтрахт Франкфурт, на кого ќе му припаднат 48 милиони евра, додека 12 милиони одат на сметка на Бенфика, а Јовиќ ќе добие шестгодишен договор.

Српскиот репрезентативец игра фантастично во дресот на Ајнтрахт, сезонава на 44 натпревари и постигна 26 голови со што го привлече вниманието на многу гиганти, но најбрз и најконкретен беше Реал Мадрид.

Идејата на тренерот Зинедин Зидан е Јовиќ во наредната сезона да му биде резерва на Карим Бензема, за по две сезони да стане прв напаѓач на „кралскиот “ клуб.

Јовиќ е првото засилување за следната сезона, откако претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, најави револуција и со повеќе од 500 милиони евра ќе „влезе“ на трансфер пазарот. Наредни желби на Перез и на тренерот Зинедин Зидан се Еден Азар, Кристијан Ериксен, Пол Погба или Дони Ван де Бек и Ндомбеле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close