Реал го „капариса“ Лука Јовиќ

Реал Мадрид успеа да го договори првиот трансфер под водство на Зинедин Зидан, напаѓачот на Ајтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ од следната сезона ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Оваа вест има потврда од два извори, германскиот магазин „Билд“ и шпанскиот весник „Дон Диарио“ кои објавија дека Јовиќ веќе постигнал договор со Реал Мадрид да потпише шестгодишен договор, а обесштетувањето ќе изнесува 60 милиони евра.

Германскиот клуб се очекува во наредниот период да го откупи Јовиќ од Бенфика за сума од 12 милиони евра, а откако Барселона се повлече од трката, Реал Мадрид се согласи да плати 60 милиони евра за српскиот репрезентативец. Дел од парите, Реал ќе ги обезбеди со продажбата на Маријано Дијаз (околу 30 милиони евра) и 50 милиони евра ќе бидат платени веднаш, додека преостанатите 10 милиони се на име на бонуси.

Прочитајте и...  Ако добие отказ во Интер, Конте се враќа во Премиер лигата

Српскиот репрезентативец сезонава игра фантастично, на 25 натпревари за Ајтрахт постигна 16 гола и има пет асистенции.

 

 

Поврзани вести

Сензација во квалификациите, анонимусите од Данска ја совладаа Литванија, Црна Гора на победа од Евробаскет

Слободен печат

Евролига: Барселона шокирана од Асвел

Слободен печат

Највисоката зграда на светот осветлена со ликот на Марадона

Слободен печат

Манчестер јунајтед на мета на хакерите, бараат милиони за да не објават вредни документи

Слободен печат

Фудбалерите ќе ја спасат Барселона од банкрот, се согласија на намалување на платите

Слободен печат

Ракометарите на Вардар не патуваат во Париз, ќе се бара трет термин за дуелот со ПСЖ

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian