„Кралски“ буџет за Реал Мадрид

EPA-EFE/FERNANDO ALVARADO

Катастрофалната сезона во која не е освоен ниту еден трофеј и се сменија дури тројца тренери на клупата, го натера претседателот Флорентино Перез, во летниот преоден рок да направи бум на трансфер пазарот.

Имено, според весникот „Ас“, Перез на тренерот Зинедин Зидан му подготвил неверојатни 540 милиони евра за купување на нови фудбалери со кои Реал Мадрид повторно би се вратил на европскиот трон.

Во фокусот на Зидан ќе биде освежување на средниот ред на екипата. Реал иако има устен договор со Еден Азар, сепак ќе мора да преговара со Челси и се надева дека понудата тешка 100 милиони фунти (112 милиони евра) е доволна да се убеди раководството на „сините“ да го продадат својот најдобар играч.

Од Лондон во Мадрид, се очекува да се пресели уште една ѕвезда, Кристијан Ериксен. И тој како и Азар веќе ги договорил личните услови, а на Тотенхем ќе му биде упатена понуда во висина од 85 милиони евра.
Околу 80 милиони евра се подготвени и за Тангуи Ндомбеле од Олимпик Лион кој игра во фантастична форма сезонава.

Перез и Зидан имаат различни ставови околу евентуалниот трансфер на Пол Погба. Тренерот Зидан е подготвен да плати 150 милиони евра за својот сонародник, но Перез не го сака Погба во тимот. Тој смета дека Французинот ќе ја наруши атмосферата во соблекувалната и наместо него планира да го ангажира Дони Ван де Бек од Ајакс кој би чинел околу 60 милиони евра.

Во нападот за следната сезона е планиран српскиот репрезентативец Лука Јовиќ кој игра во фантастична форма. За голгетерот на Ајнтрахт ќе мора да се одвојат околу 60 милиони евра. Досега Реал Мадрид комплетира само еден трансфер, Еден Милитао од Порто на лето доаѓа на „Сантијаго Бернабеу“ за 50 милиони евра.

Голем дел од парите за новите засилувања, „кралскиот“ клуб ќе ги обезбеди со продажбата на Герет Бејл, Дани Себаљос, Тони Крос, Хамес Родригез, Матео Ковачиќ, Маријано Дијаз, Маркос Љоренте и евентуално Иско.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот