Ериксен се договори со Реал Мадрид – Слободен печат
СпортФудбал

Ериксен се договори со Реал Мадрид

Шпанскиот весник „Ас“ објави дека фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен од следната сезона ќе настапува за Реал Мадрид.

Иако медиумите во Англија и Шпанија, големо внимание му посветуваат на трансферот на Еден Азар од Челси во Реал Мадрид, „кралскиот“ клуб веќе успеа да договори екстра засилување за следната сезона.

Според весникот „Ас“ кој е близок до шпанскиот тим, Реал Мадрид, постигнал устен договор со Тотенхем за купување на еден од најдобрите играчи на лондонскиот тим, Крисатијан Ериксен.  „Ас“ пишува дека официјална понуда сè уште не е испратена, но се шпекулира со сума од 100 милиони евра која е прифатлива и за двете страни, а Ериксен ќе добие шестгодишен договор со Реал Мадрид.

Тотенхем е принуден да го продаде Кристијан Ериксен бидејќи неговиот договор истекува наредното лето, а фудбалерот одби да преговара за потпишување на нов договор.

Следен кој треба да го засили тимот на Реал Мадрид е Еден Азар кој исто така има постигнато устен договор  и се чека крајот на сезоната како би се официјализирал и тој трансфер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close