Азар се договори со Реал Мадрид и налето доаѓа на „Сантијаго Бернабеу“

EPA-EFE/ANDY RAIN

Еден Азар од лето ќе биде нов играч на Реал Мадрид, објавува шпанскиот весник „Марка“. Според весникот кој никогаш не греши кога станува збор за информации поврзани со Реал Мадрид, Азар веќе ги договорил личните услови со „кралскиот клуб“ и ќе потпише шестгодишен договор, а Челси ќе добие 100 милиони евра како обесштетување.

Старо-новиот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, го означи Еден Азар како главна ѕвезда околу која ќе го гради новиот тим на „кралскиот клуб“ со кој повторно ќе атакува на трофеите во Шпанија и во ЛШ.

Азар кој сезонава постигна 17 голови и има 12 асистенции за Челси и цели кон трофејот во Лигата на шампионите, веќе почнал да бара куќа во Мадрид и е убеден дека од следната сезона ќе биде трениран од својот идол, Зинедин Зидан.

Освен Азар, нов играч на Реал Мадрид во следната сезона ќе биде и Едер Милитао од Порто, кој веќе го потпиша договорот, а пред потпис е и фудбалерот на ПСЖ, Адриен Рабио. Следна цел на Зидан е ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба, кој исто така има желба да се пресели во Мадрид, но реализацијата на тој трансфер ќе биде многу потешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот