Реакции за тендерот за перење автомобили: Нема да поминат незабележано од граѓаните „далаверите“ на Артан Груби, вели Мехмеди

Опозицијата го обвинува првиот-вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби дека троши државни пари на непотребни работи, кои може да му ги завршат институциите на системот и на Владата.

– Mинистерство за политички систем и вицепремиерот Артан Груби 30.000 евра ги троши на непотребни работи, кои може да му ги завршат институциите на системот и на Владата. Новоформираното министерство и новопечениот вицепремиер 350.000 денари потпишале тендер за перење на автомобили. За овие пари секоја недела преку целата година треба да се перат најмалку 30 возила. Ниту министерството има потреба од 30 возила секој ден, ниту пак е потребно секоја недела да се перат сите 30 возила, а знак прашалник е дали тоа министерство има 30 возила на располагање, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Потпретседателот на Алијансата за Албанците (АA) Ремзи Мехмеди за „Слободен печат“ вели дека ова не е новина, освен продолжување на сето она што досега се случувало од последователни влади, а тоа е злоупотреба на службените позиции, лошо управување со буџетските пари.

– Не гледам новина освен продолжување на сето она што досега се случуваше од последователни влади и што е злоупотреба на службените позиции, лошо управување со народните пари. Убеден сум дека ваквото лошо управување, особено кога кризата го достигнува својот врв, нема да помине незабележано од граѓаните и истите со глас ќе го казнат секој што злоупотребува народните пари. Се разбира, ние како опозиција го осудуваме лошото менаџирање од било кој во секое време. И ние сме убедени дека сите ќе одговараат за каква било злоупотреба кога ќе функционира правната држава во РСМ, за која Алијансата за Албанците е многу сериозно заинтересирана од денот на нејзиното постоење, рече Мехмеди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот