Раул Гонзалез: Со рака на срце можам да кажам дека македонските навивачи се најдобри во светот

фото: Ракометна федерација на Македонија

Голем број на познати ракометни личности во светот за сајтот на Европската ракометна федерција објавуваат за своите кариери како играчи, тренери, за нивните успеси..

Меѓу нив и Шпанецот Раул Гонзалез, поранешен македонски селектор и екс тренер на Вардар со кој ја освои Лигата на шампионите во 2017 година.

После Сиудад Реал, кој подоцна се ребрендираше во Атлетико Мадрид, следуваше преселбата во Скопје. Во 2014 година седна на клупата на РК Вардар, што се покажа како уште едно неверојатно искуство за него, како тренер. Овој пат, како главен тренер, бидејќи го прифати предизвикот, дојде време да води тим.

Во сезоната 2016/2017 Вардар за првпат играше на Фајнал-фор турнирот во Келн каде како дебитант ги изненади сите и за првпат во својата клупска историја го подигна пехарот во ЛШ.

– Имавме многу добра сезона и во Келн победивме против Барса и ПСЖ со еден гол разлика. Не знам како да го опишам чувството, дури ни сега, шест години подоцна. Не бевме фаворити, бевме мало изненадување, но го направивме тоа. Бевме победници во Лигата на шампионите. А во Македонија? Беше тотално лудило, девет од 10 луѓе кои го имаа вклучен телевизорот во моментот на финалето против ПСЖ нè гледаа. Бев и селектор на репрезентацијата на Македонија и знам колку им значи ракометот. Кога се вративме во Скопје, над 100.000 луѓе беа на улиците да нè поздрават и да слават со нас. Беше нешто неверојатно, можам со рака на срце да кажам дека македонските навивачи се најдобри во светот – начинот на кој навиваат за својот тим, страста што ја имаат за спортот и за своите идоли, тоа е без преседан – се зборовите на Гонзалез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот