Германска армија/ Фото: Joerg Huettenhoelscher / Alamy / Alamy / Profimedia

Расте интересот за германската армија – регрутацијата зголемена за 28 отсто

Бројот на нови регрути во германските вооружени сили се зголеми за 28 отсто од јануари до крајот на јули оваа година, во споредба со истиот период лани, соопшти денеска германското Министерство за одбрана.

Според податоците, во тој период се приклучиле повеќе од 13.700 лица во Бундесверот – копнените, воздухопловните и морските сили – што претставува најбрз раст во регрутацијата во последниве неколку години, јавува Ројтерс.

Германија планира да го зголеми бројот на активни војници на 260.000 до 2030-тите, во споредба со моменталните 183.000, со цел да ги исполни новите цели на НАТО и да ја зајакне националната одбрана. Оваа стратегија е дел од поширок план за зголемување на воените трошоци, поттикнат од одлуката за ублажување на буџетските ограничувања.

Министерството истакнува дека интересот за приклучување кон вооружените сили значително пораснал – првичните консултации се зголемиле за 11%, апликациите за воената служба за 8%, а оние за цивилниот сектор дури за 31%, пренесува Танјуг.

Откако Германија ја укина задолжителната воена служба во 2011 година, земјата нема систематски регистар на потенцијални регрути. Од следната година, владата планира да воведе дигитална анкета што ќе мора да ја пополнат сите мажи што ќе наполнат 18 години, со цел да се процени нивниот интерес за служење во армијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот