Растат интересот и наградите во пеливанството

Дејан Митров е едно од најпознатите имиња во македонското борење. Како репрезентативец на Македонија, штипјанецот има одлични резултати во олимпискиот спорт борење, а последен пат ја израдува нашата јавност со бронзен медал до Медитеранските игри во Тарагона минатата година.

Помалку е познато дека Митров е и многу успешен борач-пеливан, со многу трофеи освоени во Македонија и во соседните земји. Митров во последно време му се посвети потполно на пеливанството, како што самиот вели.

– Во последно време сум активен само во пеливанството. Во овој спорт ме привлекува повеќевековната традиција како и интересот што го има за него, во нашава земја и кај соседните – вели Митров. Пеливанството е познато како традиционално борење. Присутно е со векови на голем дел од Балканот, а во овие краишта го донеле Турците за време на нивното владеење. Овој вид натпревар бил познат уште во античките времиња, во Азија и во Европа. Слично борење се споменува во античките Сумер и Вавилон и во грчко-римската традиција.

Прочитајте и...  Гвардиола и Сити и ја крадат најголемата желба на Барселона

– Во Македонија има голем број пеливани, а особено ме радува што има и многумина млади кои се занимаваат со овој спорт. Во последно време овој вид борење зема се поголем замав, интерес има кај сите генерации и се повеќе публика на турнирите – вели Митров.

Дејан има многу трофеи и во овој вид борење. Тој е многукратен државен шампион на Македонија, балкански шампион (2012), шесткратен првак на Косово куп, вицепрвак на турнир во Лариса (Грција), прогласен е за најдобар пеливан на Македонија во 2012, 2015, 2017, 2018 година.

– Најголеми турнири во Македонија се во Студеничани, Струмица, Кичево и во неколку други градови. Најголема титула во овој спорт е баш-пеливан – вели Митров. Според него пеливанството е и се повеќе финансиски исплатливо.

Прочитајте и...  Серхио Рамос ги збудале жените, има подобро тело од Роналдо (ФОТО)

– Кај нас наградите за најдобрите се отприлика од 500 до 1.000 евра, а во странство се и многу поголеми. Многу повеќе може да се заработи од пеливанството, во споредба со олимпискиот спорт борење – вели искусниот борач кој има одлични резултати и во олимпиското борење, многукратен државен шампион е, има бронзени медали од Медитеранските игри во 2018 и во 2013 година, седмо место на СП 2010…

Прочитај повеќе

Јокиќ го победи коронавирусот и почна со тренинзи во Орландо (ВИДЕО)

Слободен печат

ПСЖ најде начин да го убеди Мбапе да остане, цехот ќе го плати Нејмар

Слободен печат

Гвардиола и Сити и ја крадат најголемата желба на Барселона

Слободен печат

Нова лудорија на Марадона, со ѕвер од 200.000 евра влезе на фудбалски терен (ВИДЕО)

Слободен печат

Михајловиќ и Гатузо, фотографија која ја воодушени Италија

Слободен печат

Серхио Рамос ги збудале жените, има подобро тело од Роналдо (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ПАДНА ДОГОВОР: Челси уште сега е победник на преодниот рок, Хаверц доаѓа на „Стемфорд бриџ“

Слободен печат

Откако ја победи УЕФА, Гвардиола влезе во војна на зборови и о првиот човек на Ла Лига

Слободен печат

Сега и Кувајтските петро-долари влегуваат во фудбалот, на мета италијански гигант

Слободен печат

Шпанците тврдат дека Ѓоковиќ се подготвува за настап на УС Опен

Слободен печат

По исфрлањето од ноќен клуб Халанд се врати на „работата“ на нива

Слободен печат

Мекгрегор за роденеден си се почести со часовник вреден половина милион долари (ФОТО)

Слободен печат