Растат цените на производителите на индустриски производи на странските пазари

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки за 0.6 % на месечно ниво, а за 2.0 % на годишно ниво.

Во април 2019, во споредба со март 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.7 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0.8 %.

Во април 2019, во споредба со април 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6.9 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2.9 %.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот