Фото: Instagram

Раперот Тори Ланез што ја застрела Меган Tи Сталион доби 10 години затвор

Канадскиот рапер Тори Ланез (31), во вторникот беше осуден на десет години затвор, во судот во Лос Анџелес затоа што пукаше кон пејачката Меган Ти Сталион, за време на расправија во 2020 година, пишува „Пејџ сикс“.

Тори Ланез, чие вистинско име е Дејстар Петерсон, беше прогласен за виновен уште во декември, за напад со полуавтоматско оружје, носење нерегистрирано оружје и невнимание.

Случајот стана симбол на траен сексизам во хип-хоп сцената и недоверба кон полицијата. Настанот се случи во јули 2020 година, а причината за него била тепачка помеѓу двајца поранешни партнери, по забавата кај инфлуенсерката Кајли Џенер, каде се консумирал многу алкохол.

Двете пејачки ѕвезди се враќале од забавата со автомобил, во друштво на личната секретарка на Меган Ти Сталион, која му подлегнала на шармот на канадскиот рапер. За време на возењето настанала жестока расправија, која завршила со пукање.

Пејачката изјавила дека нејзиното поранешно момче и понудило „милион долари“ за да молчи откако тој ја застрелал. Таа иако не се појави на суд, обвинителот ја прочита изјавата во нејзино име.

„Тој не само што ме застрела, туку и ја исмеа мојата траума. Тој се обиде да се позиционира како жртва и тргна да го уништи мојот карактер и мојата душа“, напишала Меган.

Обвинителството го припиша овој конфликт на „ранетото его“ на раперот Тори Ланез. На сослушувањето главниот обвинител истакнал дека раперот бил љубоморен што „Меган беше поуспешна од него“.

Додека пак, одбраната на Ланез сметаше дека истрагата е избрзана. Неговиот адвокат, случајот го сведе на „љубомора“, обвинувајќи ја секретарката на пејачката дека ги испукала куршумите од пиштолот.

Тие, исто така, побараа Ланез да биде сместен во резиденцијална програма за рехабилитација за да се справи со злоупотребата на алкохол, за која тврдеа дека ја развил за да се справи со детската траума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот