Фото: Принтскрин/Инстаграм

Раперот Лил Тџеј уапсен за вмешаност во инцидентот во кој беше застрелан Офсет

Полициската станица во Семинол соопштила за „Варајети“ дека раперот Лил Тџеј, чие вистинско име е Тион Џејден Мерит, е приведен и „обвинет во врска со инцидент што се случил во понеделник вечерта на паркингот пред комплексот ‘Семинол Хард Рок’“.

Лил Тџеј е сместен во затворот во округот Бровард под обвинение за нарушување на јавниот ред и учество во тепачка, со кауција од 500 долари. Исто така, обвинет е и за за сообраќаен прекршок за кој му е одредена кауција од 2.500 долари.

Според зборовите на портпаролот на полицијата, Гари Битнер, инцидентот започнал како тепачка, а уште една личност била приведено на местото на настанот, но против неа не се поднесени обвиненија.

 


На социјалните мрежи се проширија гласини дека Лил Тџеј бил директно вмешан во пукањето во кое е повреден Офсет, што неговиот адвокат Дон М. Флорио го негираше.

– Ова соопштение е одговор на лажните гласини дека Лил Тџеј бил вмешан во пукање што се случило на паркингот пред хотелот „Семинол Хард Рок“ во Холивуд, во кое Офсет, поранешен член на „Мигос“, претрпел повреди кои не се опасни по живот. Лил Тџеј не e застрелан, ниту пак, е обвинет за пукање. Сите тврдења за спротивното се неточни. Ја повикуваме јавноста да се потпира на сигурни извори и да ја провери точноста на информациите пред да споделува непотврдени гласини – додаде претставникот на раперот – навела таа во изјавата за „Варajeти“.

Лил Тџеј и Офсет и претходно имале несогласувања, кои потекнуваат од коментарите што Тџеј ги изнел во текот на преносот во живо на почетокот на 2025 година.

– Офсет банкротираше – рекол тогаш Тџеј, тврдејќи дека раперот има „проблем со коцкањето“ и дека му должи пари.

Порталот Ти-ем-зет првпат објави во понеделник вечерта дека членот на „Мигос“ бил застрелан во близина на хотелот и казиното „Семинол Хард Рок“ во Холивуд, Флорида. Во полициското соопштение е наведено дека неговите повреди не се опасни по живот и дека бил однесен во регионалната болница „Меморијал“ во Холивуд.

Претставник на раперот потврди за „Варајети“ дека Офсет е на лекување поради прострелната рана и е под лекарски надзор.

Офсет е најпознат како еден од тројцата членови на рап триото „Мигос“, кое го основал заедно со братучедот Тејкоф и Кваво. Во 2019 година, тој ја започна својата соло кариера и оттогаш издаде три студиски албуми и еден микстејп. Тејкоф беше убиен во Хјустон во 2022 година на 28-годишна возраст.

 

Раперот Офсет е ранет во пукање пред казино на Флорида – приведени се две лица

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот