Рамуш Харадинај се откажа од пратеничката функција, ги кажа и причините (ФОТО)

Фејсбук/Рамуш Харадинај

Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај преку статус објавен на „Фејсбук“ информира дека нема да биде пратеник во новиот собраниски состав.

Харадинај рекол дека неговото место ќе им го препушти на колегите, а ќе продолжи да биде на чело на Алијансата за индина на Косово и според него Алијансата има потреба за реформи, јавува Зери.

– Моето седиште во Собранието на Косово ќе го оставам на колегите, но без прекин ќе продолжам да ги држам отворени вратите на Алијансата за потребната реформа што го побара народот – напиша меѓудругото Харадинај на „Фејсбук“.

Инаку, неговата партија заедно со Социјал-демократската партија на Косово, на последните парламентарни избори кои се одржаа на 6 октомври добија 11,57 отсто од гласовите.

Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот