Рамафоса реизбран за претседател на Јужна Африка

Парламентот на Јужна Африка повторно го избра Сирил Рамафоса за претседател на земјата. Тоа е втор негов претседателски мандат.

„За“ Рамафоса гласаа 283 пратеници, а 44 гласале за лидерот на опозициската партија Борци за економска слобода, Џулиус Малема.

Претходно партијата Демократски сојуз најави дека ќе гласа за Рамафоса во согласност со договорот со Африканскиот национален конгрес за формирање на влада на единство.

Во својот победнички говор, Рамафоса ја поздрави новата коалиција и рече дека гласачите очекуваат од водачите „да дејствуваат и да работат заедно за доброто на сите во нашата земја“.

Претходно, беше постигнат договор по неколкунеделните шпекулации за тоа со кого ќе биде партнер АНЦ откако го загуби своето парламентарно мнозинство за првпат по 30 години на изборите минатиот месец.

Таа доби 40% од гласовите, додека ДА беше втора со 22%.

Генералниот секретар на АНЦ Фикиле Мбалула го нарече коалицискиот договор „извонреден чекор“.

Тоа значеше дека Рамафоса – кој го замени Џејкоб Зума како претседател и лидер на АНЦ по жестоката борба за власт во 2018 година – може да ја задржи власта.

Следниот чекор е Рамафоса да додели позиции во кабинетот, во кој ќе бидат вклучени членови на ДА.

Aнкетите покажуваат дека многу Јужноафриканци сакаат оваа невидена голема коалиција да успее.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот