Рале се огласи откако доби забрана за приоѓање по пријавата на Ана Николиќ за семејно насилство
Како што дознава српски „Блиц“, на српскиот композитор Горан Ратковиќ Рале му е изречена итна полициска мерка за насилство врз Ана Николиќ. Рале Ратковиќ е обвинет за семејно насилство.
Препорачано
Откако го пријавила во полиција, Ана избегнала да даде изјава за медиумите, додека Ратковиќ кратко се огласил и искоментирал:
– Добро сум – рекол композиторот со кисела насмевка, а потоа продолжил.
– Не можам ништо да кажам, двајцата дадовме изјава. Имаше расправија, имам забрана за пристап од 48 часа – изјавил тој за „Блиц“.
Српската пејачка Ана Николиќ и нејзиниот партнер, српскиот композитор Горан Ратковиќ Рале се скарале во текот на вчерашниот ден, а сè кулминирало со тоа што пејачката го пријавила во полиција за насилство.
Пејачката го пријави својот партнер за семејно насилство, а тој, како што објави „Блиц“, добил итна полициска забрана за пристап.
Според извештаите, пејачката отишла во полиција каде го пријавила својот партнер, а по прегледот во Институтот за итна медицина, забележано е дека Николиќ има физички повреди и дека е видливо вознемирена.
По прегледот, Николиќ веднаш била упатена на болничко лекување.


