Ана Николиќ/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Вознемирувачко: Ана Николиќ претепана, цела во крв и модринки, го пријави во полиција својот партнер Рале

Српската поп-пејачка Ана Николиќ (46) објави вознемирувачко видео на својот профил на Инстаграм. На потресната снимка, Ана плаче, со видливи рани и модринки на лицето и телото, а на маицата се видлив траги од крв.

На видеото, коешто го сподели самата, може да се слушне како плаче и бара помош.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

– Крварам од сите страни, не можам да зборувам – рече таа низ солзи, наведувајќи дека композиторот Горан Ратковиќ Рале, со кого била во конфликт, бил одговорен за сè.

„Му благодарам на милиот Бог што се ослободив од тебе. Јави се на брат ми, на мајка ми, повикај полиција, јави се на брза помош, човекот ме претепа, ми ја скрши слеопочницата, ми пушти крв, ми го затвори окото. Јави се на брза помош, сите луѓе, те молам. Крварам од сите страни, не можам повеќе да зборувам, целата сум во модринки, целата сум претепана“, зборувала Ана, додека молела за помош.

 

Откако сè пријавила во полиција, Ана рекла дека ова е конечен крај за неа.

Пејачката Ана Николиќ го пријавила својот партнер Горан Ратковиќ Рале за насилство, објавија српските медиуми.

Таа прво отишла во полиција, каде го пријавила својот партнер, а по прегледот во Заводот за итна медицина, забележано е дека пејачката има физички повреди и дека е видливо вознемирена. По прегледот, Ана итно била испратена на болничко лекување.

– Клучот ми остана кај него во куќата, полицијата е кај него. Јас во таа куќа не одам ниту мртва. Повеќе не сакам да го видам. Ова е веќе крај, го пријавив во полиција, доста е – рекла пејачката за „Хајп“.

Ана веднаш го пријавила случајот во полиција, каде што дала и исказ, а бил повикан и нејзиниот партнер Рале.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот