Ракометот во мирување: Позитивни на коронавирус и во РК Радовиш!

Претходно е објавено дека вкупно 16 позитивни случаи на Ковид-19 се потврдено во редовите на ракометниот клуб Голден Арт КЛ7. Тоа се случи по натпреварот од второто коло на македонската суперлига во ракомет против Радовиш.

По тој повод се огласи и РК Радовиш во чиј состав исто така има позитивни случаи на коронавирус.

– Ракометниот клуб РК РАДОВИШ ја известува пошироката јавност дека веднаш по натпреварот со РК ГОЛДЕН АРТ од нивна страна сме известени дека имаат позитивни случаеви на Ковид, при што од наша страна се превземени мерки согласно пропишаните мерки и дека во текот на денешниот ден ќе бидат направени тестирања на целиот стручен штаб и играчи.

Согласно протоколот за натпреварување целиот стручен штаб и тим беа тестирани негативни и на повторното тестирање имаме двајца позитивни ракометари без симптомиинформираат од РК Радовиш.

Позитивни случаи на Ковид-19 во Голден Арт КЛ7, целиот тим во изолација!

Веднаш реагираше и Ракометната федерација на Македонија непосредно пред одигрувањето на третото коло.

Со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, РФМ донесе одлука групата „А“ да биде ставен во мирување во наредните 15 дена после кои повторно ќе биде извршен скрининг на сите екипи пред да биде продолжена сезоната.

Потсетување дека во групата „А“ оваа натпреварувачка сезона настапуваат РК Јуниор К.В, РК Пролет 62, РК Астраион Хендбол, Рк Радовиш, Рк Голден Арт-КЛ7, ГРК Охрид и РК Струга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот