„РАКЕТНА“ ТРОЈКА на Бјелица во последната секунда! (ВИДЕО)

фото:твитер

Србинот Немања Бјелица беше најзаслужниот за новата победа на Сакраменто во новата сезона од НБА лигата на гостувањето кај Хјустон (118:119).

Се играше кош за кош во одлучувачката четвртина, неизвесно беше и пред последната минута на натпреварот (113:113).

Со тројката на Меклемор Рокетси поведоа со 116:113, но на осум секунди до крајот на средбата израмни Хилд.

Во последната секунда Вестбрук се надеваше дека им донесе триумф на играчите на Хјустон (118:116), но пред звукот на сирената Бјелица погоди тројка за големо славје на Кингси.

Немања Бјелица, српскиот репрезентативец мечот го заврши со 17 поени (пет скокови, четири асистенции, три украдени топки). Поефикасен беше Бади Хилд со 26 поени (четири скокови, шест асистенции).

За домаќините најрасположен беше Расе Вестбрук со 34 поени (три скокови, осум асистенции), а Џејмс Харден запиша 27 поени (четири скокови, 10 асистенции). Со овој триумф Кингси ја прекинаа низата од 10 порази во Хјустон, која започна уште од 31. декември 2013. година.

НБА, резултати:

Индијана Пејсерс-Лос Анџелес Клиперс 99:110
Бостон Селтикс-Кливленд Кавалирс 110:88
Чикаго Булс-Торонто Репторс 92:93
Хјустон Рокетс-Сакраменто Кингс 118:119
Милвоки Бакс-Орландо Меџик 110:101
Њу Орлеанс Пеликанс-Детроит Пистонс 103:105
Феникс Санс-Минесота Тимбервулвс 125:109
Јута Џез-Оклахома Сити Тандер 90:104
Голден Стејт Вориорс-Мемфис Гризлис 102:110

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА:
1.Милвоки Бакс 21-3
2.Бостон Селтикс 17-5
3.Мајами Хит 17-6

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА:
1.Лос Анџелес Лејкерс 21-3
2.Лос Анџелес Клиперс 18-7
3.Далас Маверикс 16-7

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот