Рајковиќ со Астана ќе игра за нова титула во Казахстан

Емил Рајковиќ /Фото: pbcastana.kz

Македонскиот тренер Емил Рајковиќ денеска со својот клуб ја запиша и третата победа во полуфиналето од плеј-офот на кошаркарскиот шампионат во Казахстан.

Неговата Астана славеше убедливо со 85:52 и со максимални 3:0 го елиминираше составот на Каспиј Актау.

Кај стрелците во победнички редови доминираше Антон Пономарев со 11 поени, а по еден помалку имаа Николај Бажин и Максим Марчук.

Астана во големото финале го чека победникот од втората полуфинална пресметка помеѓу Атирау и Тобол Костанај (2:0).

Во 2019 и 2020 година Рајковиќ беше шампион во Националната лига на Казахстан.

Фото: pbcastana.kz

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот