Рајан Рејнолдс го продава својот пијалак џин за 610 милиони долари

Фото: Профимедиа

Во време на корона-пандемијата, кога филмовите сѐ повеќе се префрлаат од киносалите на стрим-платформите, а снимањата сѐ уште се во застој, и познатите ѕвезди бараат алтернативни начини на заработка…

Така, Рајан Рејнолдс одлучи да го продаде својот бренд – американскиот „Авиејшн џин“ на компанијата „Дијагео“. Договорот е проценет на 610 милиони американски долари, со услов и со првична уплата од 335 милиони долари.

– Пред нешто повеќе од две години, станав сопственик на џинот „Авиејшн“ затоа што го сакам тој вкус повеќе од кој било друг џин. Она што не го очекував беше чиста умствена исполнетост од изучувањето на оваа нова индустрија. Растот на марката со мојата компанија „Максимум ефорт маркетинг“, беше меѓу најобемните проекти во кои сум бил вклучен. Сакам да му се заблагодарам на Дијагео за нивниот неверојатен тим и за страста. Ние сме уште повозбудени околу следното поглавје на „Авиејшн џин“, за кое, ве уверувам, ќе треба исто толку читање – изјави Рејнолдс.

Дијагео во својата понова историја, имаше и 700.000 долари „тешка“ зделка со Џорџ Клуни, а тука вреди да се спомне и нивната соработка со Ренди Гарбер и Мајк Мелдман и нивниот Касамигос бренд на текила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот