Радуловиќ: Јавноста сака дерби
Тренерот на МЗТ Скопје, Дарко Радуловиќ е задоволен од прикажаната игра на неговите кошаркари во полуфиналето на Купот на Македонија и од убедливата победа од 92:72 над Навико Академија ФМП. „Металците“ утре во финалето ќе се борат за десеттиот трофеј.
– Да им честитам на ФМП за нивниот историски успех, покажаа дека имаат квалитет. Добро започнаа, но ние успеавме да ја смениме насоката во која нас ни одговара. Поправивме некои сегменти каде што грешевме вчера. Две исклучително искусни екипи и која и да победи утре ќе гледаме квалитетно финале. Јавноста секогаш сака дерби, наше, а и спортски е да се подготвиме најдобро што можеме и да бидеме подобри и од денес. Имаме долга клупа и квалитет, ако сите си ја работат улогата може да бидеме закана за сите – вели Радуловиќ.
Препорачано
Тренерот на Навико Академија ФМП, Александар Петровиќ го признава поразот и вели дека неговите кошаркари „изгореа“ желбата да го изненадат противникот.
– Не одговоривме на нивната преагресивна добрана, немавме течност во нападот, не одеше ’пасот’ и да кажам дека можеби изгоревме во желбата да изненадиме уште еден противник. Им честитам на моите момци за одличното претставување на клубот во Купот. Нема да се предадеме понатаму, нема што да изгубиме. Ова е млад тим, немавме доволно расположени играчи. Презадоволен сум од нивната работа во текот на сезоната. Следно одиме во Битола и продолжуваме понатаму, без предавање – вели Петровиќ.


