Радовиќ по освоената Суперкуп титула: Ваква убавина од мечеви нема никаде во светот

Мирко Радовиќ („Еурофарм Пелистер“) со Суперкуп трофејот на Македонија/фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја одбранија титулата во Суперкупот на Македонија, откако ја добија драмата против лутиот ривал Вардар 1961 со 23:22 (12:12).

Пресметката која се одигра во салата „Билјанини извори“ во Охрид понуди многу пресврти, промени во водството и атрактивен ракомет, а на крајот славеа „зелено-белите“ од Битола.

Е. Пелистер имаше голема поддршка од своите навивачи на трибините и за тоа им се заблагодарија играчите на тренерот Ларс Валтер.

– Ова беше еден врвен меч и доста тешка за играње. Како што се и сите други мечеви со Вардар. Најважно е што не се предадовме додека губевме, се боревме и успеавме да дојдеме до една неверојатна победа. Ова е голем триумф за самодоверба за понатаму. Беше многу тешко да се игра во оваа атмосфера која беше неверојатна. Убавина е да се играат вакви мечеви, вакво нешто нема никаде во светот – рече црногорското десно крило на Е. Пелистер, Мирко Радовиќ.

Веќе в среда пелистерци имаат нови обврски, ќе го играат заостанатиот натпревар од второто коло на групата „Б“ на Суперлигата против Голден Арт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот