Радев изразил подготвеност државата да донира вакцини против ковид-19 за соседите од Западен Балкан

Бугарскиот претседател Румен Радев денес изразил подготвеност на државата да донира вакцини против ковид-19 за соседните држави од Западен Балкан и нагласил за неопходност од правила принципи и процедури за такви донации. Тоа го соопшти Кабинетот на Радев по денешниот видео-состанок со претседателот на ЕС, Шарл Мишел.

Тој повикал и за формирање „зелени коридори” за туристите од европските држави. На видео состанокот учествувале и премиерката на Финска Сана Марин, премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, претседателот на Литванија, Гитанас Науседа и премиерот на Малта Роберт Абела. Фокус во разговорите бил за претстојното вонредно заседание на ЕС на 24 и 25 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот