Путин: Авионот во кој бил Пригожин не е соборен однадвор, на телата на загинатите имало траги од бомби
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека завршила обдукцијата на телата на загинатите во авионската несреќа, во која загина и основачот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин. На телата на загинатите се пронајдени траги од рачни бомби. Путин посочи дека истрагата утврдила оти немало надворешно влијание врз авионот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Директорот на Истражниот комитет, Александар Бастрикин, ме информираше дека во телата на загинатите се откриени фрагменти од рачни бомби. Немало надворешно влијание врз авионот, тоа е утврдено со вештачење во текот на истрагата“, изјави Путин на пленарната седница на дебатниот клуб „Вајдај“, пренесува Индекс.
Путин изјави дека истрагата за авионската несреќа се уште не е завршена и додаде дека истражителите направиле грешка што не ги тестирале телата на алкохол и дрога, со оглед на тоа што претходно во просториите на „Вагнер“ во Санкт Петербург бил пронајден кокаин.
Приватниот авион Ембраер се урна на 23 август во близина на селото Куженкино во областа Твер. Во него имало десет лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот, меѓу кои бил и Пригожин.
Приватниот авион „Embraer Legacy“ се урна на 23 август во близина на селото Куженкино во областа Твер. Во него имало десет лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот, меѓу кои бил и Пригожин.


