Пуштени се во собраниска процедура протоколите за членство на Шведска и Финска во НАТО

Апликациите на Шведска и Финска за членство во НАТО/ Фото EPN / Newscom / Profimedia

Владата ги пушти во собраниска процедура одделните Предлог-закони за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Кралството Шведска и на Република Финска, со цел да се создадат формални правни предуслови, по стапувањето во сила на Протоколите, двете земји да може да пристапат кон НАТО.

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и членовите на Владата отворено ја поддржаа иницијативата на Шведска и Финска за членство во НАТО и уште во мај беше дадена согласност за прием на двете држави во НАТО.

Протоколите кон Северноатлантскиот Договор во врска со пристапувањето на Кралство Шведска и Република Финска се потпишани во Брисел на 5 јули 2022 година од овластени претставници на државите-членки на НАТО, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Република Северна Македонија, се вели во соопштението, даде целосна поддршка за политиката на отворени врати на НАТО, поддржувајќи го натамошното проширување, како и зачленувањето на Кралството Шведска и на Република Финска во Северноатлантската Алијанса оценувајќи го како важен чекор и придонес за зајакнување на безбедноста и стабилноста во Европа, имајќи го предвид неоправданиот воен напад на Украина од страна на Руската Федерација.

Шведска и Финска имаат развиено многу високо ниво на соработка со НАТО и нивното членство ќе ја зајакне политичката сила на Алијансата, а со нивниот прием Алијансата демонстрира единство, додаваат од Владата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот