Пулексенија Јованоска: Мојот сон стана реалност

EPA-EFE/HEDAYATULLAH AMID

Каратето дебитираше на Олимписките игри, а свој учесник имаше и Македонија преку Пулексенија Јованоска. Јованоска настапи во каетгоријата кати и го освои деветтото место.

EPA-EFE/HEDAYATULLAH AMID

По настапот на социјалните мрежи таа напиша дека со настапот во Токио и се оствари сонот.
„МОЈОТ СОН РЕАЛНОСТ
ОЛИМПИСКИ ИГРИ – Токио 2020
Колку вредеше, сите овие години, тренинзи, пот, солзи,повреди, неправди..
Презадоволна од се што дадов на татамите!
Привилегија е што бев дел од оваа приказна, завршив на 9тата позиција.
Прво коло 23.80
Втор коло 24.00 ( мој најдобар резултат )
Горда на себе за секоја секунда помината во сала сите овие години!
Фала ти Боже за се
Луууѓе мои, да Ви се заблагодарам на сите за огромната поддршка,на сите вие што верувавте во мене кога беше најтешко
Најдобрата македонска каташка во историјата, Пулексенија Јованоска заврши на деветтото место на Летните олимписки игри во Токио каде за првпат дел беше и каратетот. Таа по борбата им се заблагодари на сите кои беа дел од нејзиниот пат и за тоа што верувале во неа кога било најтешко“, напиша Јованоска на својот профил на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот