Првпат во историјата: Холандија добива премиер кој отворено признава дека е геј
Холандија е на чекор до голема политичка пресвртница. Центристичката партија D66, предводена од Роб Јетен, според излезните анкети, е на пат да ја победи крајната десница и да ја преземе водечката улога во новиот состав на парламентот. Со тоа, 38-годишниот Јетен би можел да стане најмладиот и прв отворено хомосексуален премиер во историјата на земјата, пренесе Индекс.
Препорачано
Излезната анкета покажува дека D66 ќе освои 27 места во долниот дом на парламентот, кој брои 150 пратеници, додека Партијата за слобода (PVV) на крајнодесничарот Герт Вилдерс ќе добие 25 места. Разликата е мала, но доволна да го означи крајот на доминацијата на Вилдерс на политичката сцена.
Анкетата предвидува можност за грешка од три места, но растот на популарноста на Јетен во последниот месец е очигледен.
Неговата кампања, заснована на позитивната порака „Да, можеме“, ветува крај на политичката ера со која Вилдерс владееше изминатите години.
Краткиот период на влијание на националистичката, антимигрантска партија PVV изгледа е завршен, бидејќи сите поголеми партии – од левицата до десницата – веќе најавија дека нема да учествуваат во коалиција со нив.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
23мин
-
37мин
-
40мин
-
42мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


