Прво место за Филип Недев на ЕТКФ Европскиот шампионат во традиционално карате

фото: принтскрин/vocentar.com

Македонската репрезентација во традиционално карате предводена од Дејан Недев од 27 до 30 октомври учествува на 36 ЕТКФ Европски шампионат кое се одржува во Ново Место, Словенија.

Нашата земја ја претставуваат Камелија Недев, Матеј Мангаровски, Филип Недев, Георги Кокорманов, Софија Јарчевска и Максим Поп Трпев.

Натпреварите се одржуваат во сите возрасни категории во поединечна и екипна конкуренција. На шампионатот учествуваат над 600 каратисти од 24 европски земји.

Македонија успеа да освои три медали, од кои еден златен и два бронзени.

Филип Недев во кати за деца (8-9 години) се закити со златото, а бронза имаат Матеј Мангаровски во кадети и Максим Поп Трпев во кати за деца (6-7 години).

Малку недостасуваше медал да освои и Каменија Недев која дојде до четвртата позиција во кати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот