Првиот список на Куман, сега сè е јасно! (ФОТО)

роналд куман на тренинг/twitter/FC Barcelona

Денеска на пријателскиот натпревар против екипата на Химнастик со почеток од 19.00 часот дебитира на тренерската клупа на Барселона ќе го има новиот стратег Роналд Куман.

Ова ќе биде првиот од трите контролни мечеви како подготовка за новата сезона, на првиот список на Куман за дуелот со Химнастик од Тарагона не се наоѓаат Луис Суарез и Артуро Видал.

За овие двајца играчи се шпекулира заминување од Барса, така што Уругваецот се поврзува со трансфер во Јувентус, а Чилеанецот со Интер.

Суарез бара исплата на договорот до јуни, додека Видал најверојатно спогодбено ќе се поздрави со Каталонците и како слободен играч ќе се пресели на „Џузепе Меаца“ во Милано.

Најавите се дека Видал ги постигнал сите услови за договор со „неро-аѕурите“ до 2022 година. Помеѓу повиканите го нема и Рафиња кој е пред преселба во неименуван клуб од „Ла Лига“.

Тоа што е исто така важно, Лионел Меси е на списокот, како и Усман Дембеле кој последен пат играше на терените пред 290 дена.

Тука е повратникот Филипе Кутињо, новајлиите Тринкао и Педро, недостасуваат полесно повредените Ансу Фати и оперираниот Тер-Штеген, но и Миралем Пјаниќ, Самуел Умтити и Жан-Клер Тодибо кои поради позитивни тестови на Ковид-19, дури денеска го имаа првиот тренинг.

Суарез подготвен за трансфер во Јувентус!? (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот