Официјално: Кутињо ќе се врати во Барселона

фото: EPA-EFE/Manu Fernandez

После една година како позајмица во редовите на Баерн Минхен, бразилскиот интернационалец ќе се врати на „Камп Ноу“.

Филипе Кутињо кој успеа со баварскиот гигант да ја освои титулата во Лигата на шампионите, ќе се врати во Барселона, потврдија од Баерн.

Во четвртфиналето на ЛШ, Кутињо реализираше два гола и еднаш асистираше токму против Барса.

Во сезоната 2019/20 Бразилеџот имаше 38 натпревари запиша 11 погодоци и девет асистеции за германскиот шампион.

Си заминува од Баерн со тројна круна, трофеи во Бундеслигата, германскиот Куп и ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот