Првиот човек на Кјелце : Вардар го сака Зорман

Роберто Гарсија Парондо по освојувањето на титулата во ЛШ си заминува од Вардар, а клубот уште сега ја почна потрагата по неговата замена.
Главен фаворит за нов предводник на „црвено-црните“ е Словенецот, Урош Зорман кој мометно работи како помошник на Веселин Вујовиќ со словенечката репрезентација, и во Кјелце кај Талант Душебаев.
Оваа информација ја потврди и ракометарот на Вардар, Сташ Скубе за словенечките медиуми.

– Парондо не би сакал негов наследник да биде тренер од Балканот или од Скандинавија, тој смета дека е најдобро да се задржи сегашниот систем на игра, шпанскиот. А токму шпанскиот систем не е непознаница за Урош Зорман. Тој 15 години беше дел од овој систем и го знае ракометот во малиот прст. Знам дека би сакал да започне самостојна тренерска кариера и мислам дека Вардар би бил идеален тим за него. Ракометарите на Вардар го почитуваат и сигурно топло ќе го пречекаат. Се надевам дека ќе успее да се договори – изјави Скубе за „Дело“..

Потврда дека Зорман е во нотесот на раководството на Вардар, дојде и од првиот човек на полскиот тим, Бертус Сервас.

– Информацијата за интересот на Вардар за Урош Зорман ме изненади. Секако, неговото евентуално заминување за нас ќе биде проблем, ќе мораме брзо да најдеме друго решение. Но, сфаќам дека ова е голема шанса за Урош, да седне на клупата на новиот европски првак и нема да му стојам на патот доколку сака да замине Тој секогаш ќе има максимален респект во Кјелце, сакаме да остане и ќе се обидеме да го убедиме во тоа – изјави претседателот на Кјелце за полските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот