ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ХРВАТСКА: Водство на Милановиќ на претседателските избори

Фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Според првичните неофицијални резултати на хрватската Државна изборна комисија, на претседателските избори, од пребројани 95,91 отсто од гласовите, во водство е Зоран Милановиќ за кого гласале 29.60 отсто од избирачите.

Втора според бројот на гласови и кандидатката на ХДЗ и актуелна претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ со освоени 26,77 отсто. Трет е независниот кандидат Мирослав Шкоро со 24,39 отсто. Пребројувањето на гласовите продолжува.

Според овие првични објавени резултати, Хрватска најверојатно новиот претседател ќе го избере во вториот круг кој би се одржал на 5 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот