Први во светот: Менструалните производи стануваат бесплатни во Шкотска

Alexander Shcherbak / TASS / Profimedia

Шкотска ќе стане првата земја во светот која ќе ги направи сите менструални производи бесплатни, пренесува Би-Би-Си.

Отсега постои законска должност за локалните власти да обезбедуваат бесплатни продукти како што се тампоните и хигиенските влошки за „секој на кој му се потребни“.

Ваквиот предлог-закон беше претставен од шкотската пратеничка Моника Ленон, која води кампања за бесплатни менструални производи уште од 2016 година.

„Локалните власти и организациите работеа напорно за да го направат реалност законското право за бесплатен пристап до менструалните производи. Ова е уште еден голем чекор за нас, што ја покажува разликата што може да ја направат прогресивните и смелите политички одлуки“ вели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот