Први фотографии од синовите на славната тенисерка и фудбалерот – Папараците ја уловија Ана Ивановиќ на прошетка со синовите Леон и Лука! (ФОТО)

Поранешната српска тенисерка е „уловена“ на прошетката со синовите Леон и Лука на одморот во Шпанија.

Ана Ивановиќ е во брак со фудбалерот Бастијан Швајнштајгер и има два сина, а нивни слики досега никогаш не се објавени во јавност.

Фотографиите ги сликале шпанските папараци за време на семејниот одмор на Ана во Шпанија, на кој замина заедно со Бастијан, децата и својата мајка.

Ана и Бастијан припаѓаат на онаа група славни родители, кои не преферираат да ги покажуваат децата во јавност, што е и разбирливо. Но, разбирлива е и љубопитноста на папараците, кога станува збор за децата на познатите личности.

Судејќи според фотографиите, Ана не им обрнала многу внимание на папараците, и делува како да не и пречело тоа што ја фотографираат.

Фотографиите се прикачени на една објава на Инстаграм, погледнете ги…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот