Даниел Кајмакоски со сопругата Марина- Фото: Инстаграм/ДаниелКајмакоски

Прва изјава на сопругата на Кајмакоски: „Сите сме под стрес, Даниел закрепнува“

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски доживеа вистинска драма во Белград, кога по настап во Бетон хала беше киднапиран, а подоцна пронајден врзан во автомобил од кој киднаперите побегнале.

Сега за српски „Блиц“ се огласи неговата сопруга Марина, која откри како се чувствува Даниел во моментов и истакна дека целото семејство поминува низ исклучително тежок период.

„Што да ви кажам, сите сме под голем стрес. Даниел сега е добро, закрепнува и е тука со нас. Што се однесува на целиот случај, поради истрагата не смееме ништо да зборуваме. Сè е пренасочено кон адвокатот, а јас ги молам сите за разбирање“, изјави кратко Марина, која во овие моменти не се одвојува од својот сопруг.

Даниел Кајмакоски со сопругата Марина- Фото: Инстаграм/ДаниелКајмакоски

Комшиите открија детали од ноќта на инцидентот

Очевидци од градот Рума, во близина на хрватската граница, открија што виделе ноќта кога се случило киднапирањето.

„Полицијата поминуваше овде цела ноќ. Мојот сопруг излезе надвор бидејќи слушнал кучиња како лаат. Кога излезе, полицајците го прашаа дали видел некого, а тој им кажа дека не видел ништо. Полицијата пребаруваше наоколу, синоќа беа тука околу два часа, но не најдоа никого. Имаше многу полиција, џипови и возила, беа насекаде“, изјави жена од Рума за „Блиц“, додавајќи дека сè уште чувствува страв поради случувањата.

ФОТО | Две работи ѝ помогнале на полицијата да му го спаси животот на Даниел Кајмакоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот