Прв ривал на Вардар во СЕХА лигата е хрватскиот Нексе

РК Вардар в петок го очекува нов дуел против Нексе во СЕХА Газпром лигата/Фото: РК Вардар 1961/Денис Дуковски

Скопските „црвено-црни“ го дознаа распоредот на натпревари во новата сезона од СЕХА Газпром лигата, потсетување дека играчите на тренерот Давид Дејвис се наоѓаат во групата „Б“.

Лигата го објави распоредот на мечеви, според кој Вардар 1961 ќе стартува на 6 февруари на домашен терен против Нексе од Хрватска.

Противници на македонскиот шампион се и Војводина од Србија и украинскиот Мотор Запорожје.

Распоред на натпревари на Вардар1961 во Група „Б“ –

06.02.2022 Вардар – Нексе Нашице
08.02.2022 Војводина – Вардар
18.02.2022 Нексе Нашице – Вардар
22.03.2022 Вардар – Војводина
02.04.2022 Мотор Запорожје – Вардар
17.05.2022 Вардар – Мотор Запорожје

Осминафинале: 20/21.05.2022
Четвртфинале: 25/29.05.2022 – 04/05.06.2022
Полуфинале: 02.09.2022
Финале: 04.09.2022

Видео на денот