Прв пораз на владата на Бенет: Кнесетот го одби законот за мешани бракови

Премиерот на Израел Нафтали Бенет
Нафтали Бенет / Фото: EPA-EFE/YONATAN SINDEL

Новата израелска влада предводена од Нафтали Бенет денеска се соочи со првиот голем пораз во парламентот, откако не успеа да освои мнозинство за да го обнови контроверзниот закон со кој ги спречува Палестинците, кои живеат на Западното крајбрежје и во појасот Газа да се венчаат со израелски државјани и на тој начин да се стекнат со израелско државјанство.

Неговата влада не успеа денеска да обезбеди мнозинство за законот на дражвјанство и влез во Израел, бидејќи гласањето било 59-59, пренесува Ројтерс.

Израел прв пат го донесе законот во 2003-та година, во ехото на палестинските бунтови, со образложение дека Палестинците го користеле својот правен статус да помогнат во извршување на напади над Израел.

Законот беше продолжуван на годишно ниво, дури и додека владееше Нетанјаху, кој сега ја води опозицијата, а денешка беше гласано против.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот